Почнува новото издание на релито Дакар

Со етапата од парагвајскиот главен град Асунсион до аргентинското место Резистенсија, во должина од 454 километри, почнува 39.издание на релито Дакар. Најпрестижното рели во светот деветта година последователно ќе се одржи во Јужна Америка, откако локацијата беше преместена поради безбедносните проблеми на африканскиот континент.

Возачите ги очекуваат 12 етапи и повеќе од 9.000 километри на нова возбуда, а целта ќе биде на 14.јануари во Буенос Аирес.

Во конкуренција на автомобили пријавени се 83 посади, а титулата ќе ја брани Французинот Стефан Петерхансел. Кај мотоциклистите има 149 натпреварувачи, а трофејот од 2016 година го брани Тоби Прајс од Австралија.

 

 

Се вчитува...