Започнаа натпреварите од пролетната полусезона во северниот регион во детските лиги на ФФМ. На терените со вештачка трева на ФФМ своите натпревари ги одиграа повеќе од 50 екипи во три различни натпреварувачки категории.
Во следните два викенда ќе стартуваат натпреварите и во останатите шест региони во Детската лига на ФФМ. По комплетирањето на пролетната полусезона во сите седум региони во државата, најуспешните 48 екипи во шест различни категории ќе земат учество на завршниот турнир на 24. и 26. мај на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА