Почнува ракометниот Мундијал: Данска прв фаворит за тронот, Maкедонија цели кон главна фаза

Светското првенство во ракомет започнува денеска и ќе трае до 2 февруари. Планетарното првенство ќе се одржи во три земји: Данска, Норвешка и Хрватска. Последните три шампионски титули ги освои Данска.

На турнирот, кој ќе се одржи во пет градови и во исто толку сали, ќе учествуваат 32 од најдобрите светски селекции, меѓу кои и Македонија чија прва цел е пласман во главната фаза од шампионатот.

Во април 2024 година, Светската ракометна федерација одлучи Берум (Норвешка), Хернинг (Данска), Загреб, Вараждин и Пореч (Хрватска) да бидат градови домаќини. Финалето е закажано за 2. февруари и ќе се игра во Берум во „Теленор арената“.

Форматот на турнирот се состои од три фази, прелиминарна рунда, главна рунда и финална рунда. Во прелиминарната фаза се пласирани осум групи со по четири репрезентации. По три репрезентации од секоја група ќе го продолжат патот во новоформираните групи – вкупно четири со по шест репрезентации. Важно е да се каже дека тимовите ги пренесуваат бодовите од прелиминарната фаза на натпреварувањето.

Од главната рунда двете првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето. Четвртфиналните натпревари се закажани за 28 и 29 јануари, додека полуфиналните ќе се играат на 30 и 31 јануари, додека мечевите за медали се закажани за 2. февруари.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:

Италија – Тунис

Франција – Катар

Австрија – Кувајт

Данска – Алжир

Се вчитува...