Со два натпревари денеска почнува плеј-офот од ракометниот шампиона на Македонија. Двата битолски тима ќе ги одиграат своите мечеви од првото коло. Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Бутел во Скопје, додека вториот тим на битолчани ќе го пречека Охрид.
Утре на програмата е мечот Тиквеш – Алкалоид, додека рундата се затвора со дербито во понеделник меѓу Вардар и Тинекс Пролет.
Титулата ја брани Вардар 1961 и сигурно ќе ја понесе фаворитската улога, и заради искуството и четирите зимски засилувања, но и заради перфектните 14 поени во првиот дел на групната фаза. Еурофарм Пелистер ќе се обиде да го детронизира големиот ривал и да ја врати титулата во Битола. Сите останати шест тима: Алкалоид, Тинекс Пролет, Тиквеш, Бутел и Еурофарм Пелистер 2 ќе се борат за останатите места кои водат во Европа следната сезона.
Алкалоид и Пролет влегуваат во плејофот со повеќе бодови од ривалите во оваа трка, со тоа што амбициите на Пролет секако се намалија со заминувањето на дел од клучните играчи, Аларов и Јагуриновски заминаа во Вардар, додека Џонов кариерата ја продолжи во Алкалоид. Од друга страна, тимот на Алкалоид е единствениот што сезонава ќе ја одигра со стопроцентно домашен состав во плејофот, не криејќи дека од позадина ќе чека и шанса да изненади некого од главните ривали за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА