Манчестер Сити подготвува реконструкција на крајот на сезоната после разочарувачката сезона, во која тимот испадна од трката за титулата во Премиерлигата, а не е повеќе во игра ниту во Лигата на шампионите каде беше елиминиран од Реал Мадрид.
Така прв кој ќе си замине од „Етихад“ во летниот преоден рок е хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ. За Ковачиќ веќе подолго време се зборува дека ќе замине во Атлетико Мадрид.
Ковачиќ пристигна во Челси во 2023 година за сума од 29 милиони евра. Во оваа сезона одигра 33 меча, постигна пет гола и запиша една асистенција. Хрватот доби главна улога во тимот после повредата на Родри, кој се опоравува од тешката повреда на лигаментите.
Исто така Пеп Гвардиола веќе пронашол замена за Ковачиќ. Станува збор за фудбалерот на Аталанта Едерсон. Сумата која се споменува изнесува 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА