Почнува сослушувањето за случајот Јувентус

Судот во Торино денеска ќе разгледа дали треба да се покрене постапка против поранешниот претседател на клубот Андреа Ањели, 11 директори на клубот и самиот клуб Јувентус.

Денеска е првиот ден на рочишта, кои ќе се одвиваат зад затворени врати. Се очекува рочиштата да траат неколку месеци, по што судијата Марко Пико ќе одлучи дали ќе има судење за овој случај.

Обвинителството во декември минатата година поднесе неколку барања за почеток на судењето по истрагата која го опфати финансиското работење на клубот во изминатите три години.

Беа испитани трансферите на играчи, како и прашањето дали, за време на пандемијата на коронавирус, Јувентус ги намали платите на играчите само на хартија или тоа беше направено формално.

Истрагата доведе до заминување на Андреа Ањели, како и целосната управа на клубот, а Фудбалската федерација на Италија и Серија А го казнија клубот со одземање 15 бода.

Се вчитува...