Повеќе од четири години по смртта на аргентинскиот фудбалски идол Диего Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници за небрежност што потенцијално довела до неговата смрт.
Судењето во Сан Исидро, предградие на Буенос Аирес, се очекува да трае до средината на јули, со сослушување на речиси 120 сведоци, вклучувајќи ги семејството, експертите и лекарите на Марадона во текот на годините.
Обвинетите се гонат за „убиство со крајна умисла“, кое се карактеризира кога едно лице ќе изврши кривично дело знаејќи дека тоа може да предизвика нечија смрт. Ним им се заканува затворска казна од 8 до 25 години.
Обвинети се неврохирургот Леополд Луке, психијатарот Агустина Косахова, психологот Карлос Дијаз, медицинскиот координатор Ненси Форлини, координаторот за медицински сестри Маријано Перони, клиничкиот лекар Педро Пабло Ди Спања и медицинската сестра Рикардо Алмирон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

