Почна судењето на потенцијалните одговорни за смртта на големиот Диего Армандо Марадона. Неговото семејство вели дека нејзината мајка бара да се молчи, но околностите на смртта и натаму влијаат на фамилијата.
Далма Марадона, најстарата ќерка на Марадона, прзинала дека семејството живее во страв, поради закани од мафијата против нејзиниот татко во 2020 година.
Далма се „отвори“ во еден подкаст, каде што откри детали пред смртта на Диего.
„Мојата мајка е загрижена, поради заканите од мафијата. Таа се плаши, бидејќи мафијата контролира се. Треба луѓето да ја знаат вистината за смртта на мојот татко. Мајка ми ми вели да молчам, ништо да не зборувам, но јас не можам. Му го должам ова нему. Не ми е грижа, знам против кого се борам, но не можам да молчам“, рече Далма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

