Почнува Тур де Франс: Погачар брка хет-трик, главен ривал сонародникот Роглич

Денеска стартува 109. по ред издание на најпознатата велосипедска трка, Тур де Франс. Најдобрите велосипедисти на денешницата ќе поминат нешто повеќе од 3.300 километри.

Стартот на трката годинава ќе биде во Данска, во која ќе бидат возени првите три етапи, а потоа по ден пауза турнејата се сели во Франција.

Главен фаворит за титула е минатогодишниот победник, Словенецот, Тадеј Погочар, кој годинава ќе се обиде да стигне до хет-трик. Главен конкурент ќе му биде неговиот сонародник Примож Роглич, кој пред неколку години ги остави ски-скоковите за велосипедизамот.

Првата етаппа стартува денеска од 16 часот.

Се вчитува...