Седум дена подоцна од првично предвиденото, а на барање на неколку клуба кои бараа шанса подобро да се подготват за пролетните искушенија поради екстремните зимски услови кои ги имаше во изминатиот период, а ги нарушија подготовките, денеска конечно ќе почне вториот дел од сезоната и во Втората фудбалска лига на Македонија.
Тимот на Академија Пандев, кој е лидер на табелата со завидна предност по 14 одиграни кола, дури 11 повеќе од второпласираниот Скопје, денеска во 14 часот ќе биде гостин на Новаци. Ова секако е најинтересниот од четирите меча кои се закажани за денешниот ден.
Тетекс ќе го пречека Скопје, Велазерими ќе биде домаќин на Вардар Неготино, додека Металург ќе ги одмери силите со Еуромилк. В среда ќе се игра мечот меѓу Х. Турново и Тиквеш.
ВТОРА ЛИГА, 15.КОЛО (14 ч.)
НОВАЦИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ТЕТЕКС – СКОПЈЕ
ВЕЛАЗЕРИМИ 77 – ВАРДАР НЕГОТИНО
МЕТАЛУРГ – ЕУРОМИЛК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА