Ракометната репрезетнација на Македонија го одработува првиот дел од подготовките за СП 2023 во Маврово, каде избраниците на Кире Лазаров денеска и утре ќе одиграат две средби против селекцијата на Црна Гора.
Противникот доаѓа значително ослабен, без неколку важни ракометари кои ќе се приклучат на подготовките во јануари, но овие средби во секој случај ќе бидат добра можност за воигрување на тактичките замисли на стручниот штаб, на петнаесетина дена до стартот на СП и групата во Краков.
„Наша цел беше да имаме што повеќе натпревари, кои ќе ни бидат од корист за кревање на формата и за целосно воигрување. Покрај двата меча со Црна Гора, ќе играме и против силната Хрватска на турнирот во оваа земја, каде ќе се сретнеме и со Израел, кој влета во последен момент откако откажа селекцијата на Катар. Овие натпревари ќе бидат добредојдени за нас, пред се поради фактот дека голем дел од нашите играчи немаат одиграно тешки натпревари сезонава, поради суспензијата на Вардар од Лигата на Шампионите“, изјави Лазаров при првиот собир на националниот тим.
Првиот меч меѓу Македонија и Црна Гора што ќе се игра во Маврово е закажан во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА