Најважните споменици на Париз, Нотр Дам, Лувр, Ајфеловата кула и реката Сена ќе бидат во срцето на свеченото отворање на Летните олимписки игри 2024 закажано за денеска од 19:30 часот, и покрај тоа што Французите во тајност го држат текот на свеченоста која ќе биде мешавина на уметноста и спортот во „градот на светлината“.
Уметничкиот директор на церемонијата на отворање, Томас Жоли истакна дека сака да направи „најголем спектакл на светот“ со многу радост, движење и возбуда. Тој истакна дека нема да има некој посебен декор, затоа што за него спомениците во Париз се „најубавата сценографија во светот“. Музичкиот дел, пак, ќе биде мешавина од поп, симфонијски оркестар, хорови и електронска музика.
Што се однесува до настапот на музичките ѕвезди, иако е тајна, се спомнуваат Аја Накамура и Селин Дион, како и Дуа Липа и Лејди Гага.
The Olympic torch at the Château de Versailles! 🔥🏰
Did you know? The historic venue will host equestrian and modern pentathlon action during #Paris2024.#OlympicTorchRelay | #Paris2024 | @Paris2024 pic.twitter.com/wWB5gMrbSP
— The Olympic Games (@Olympics) July 25, 2024
За церемонијата на свеченото отворање креирани се 3.000 уникатни костуми.
Ниту една проба на церемонијата на отворање не е одржана на отворено, како не би се откриле тајните, туку уметниците вежбаа во огромни хангари далеку од очите на јавноста. Исто така се уште не се знае кој последен ќе го носи пламенот на олимпискиот оган.
It’s the final countdown until the @Paris2024 Olympic Opening Ceremony. ⏳👀
Previous editions have delivered many incredible memories, including… sambas, running through the clouds, and Mr Bean. What are your favourite opening ceremony moments?#Olympics #Paris2024 #LastFive pic.twitter.com/TobxAeud8V
— The Olympic Games (@Olympics) July 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА