Почнуваат Зимските олимписки игри во Пекинг – Македонија со тројца претставници, а главните „ѕвезди“ ќе бидат Шифрин, Бо и Кобајаши

Со свеченото отворање кое на програмата е во 13 часот по средноевропско време денеска стартуваат Зимските олимписки игри во Пекинг. Олимпискиот стадион во Пекинг, „Птичје Гнездо” за три часа ќе стане првиот стадион во историјата на кој ќе се одржи церемонија на отворање и на летни и на зимски олимписки игри!

Директор на церемонијата на отварање на Олимписките игри и во 2008 и сега во 2022 година е Џанг Јиму, кој ги осмисли и двете церемонии. Во 2008 година, најдобриот кинески гимнастичар, Ли Нинг (три златни олимписки медали) „леташе низ воздухот“, се до покривот на стадионот каде што го запали олимпискиот факел, за да денеска парадата на нациите на отварањето на ЗОИ ќе биде според кинеските знаци, но спортистите на Грција ќе бидат првите кои ќе влезат на Олимпискиот стадион.

Градот Милан Кортина е следен домаќин на ЗОИ во 2026 година и затоа Италија ќе биде претпоследната олимписка делегација која ќе влезе на Олимпискиот стадион „Птичје гнездо“. По нив, на крај, ќе следат кинеските спортисти.

На церемонијата на отварањето на ЗОИ, Дардан Дехари ќе го носи македонското знаме, додека Ставре Јада и Ана Цветановска ќе го проследат отварањето на ЗОИ ПЕКИНГ од Олимпиското село.

Во ’предвечерието’ на игрите во кинескиот град ви ги претставуваме трите најголеми ѕвезди кои се очекува да блеснат на ЗОИ 2022.

МИКАЕЛА ШИФРИН 

Американската скијачка е најголемата ѕвезда која ќе биде дел од ЗОИ во Пекинг. На златните медали од игрите во Сочи 2014 (слалом) и Пјонгчанг 2018 (велеслалом) таа е подготвена да додаде уште медали. По проблемите кои што ги имаше во минатите две години, а најмногу со смртта на нејзиниот татко, Шифрин годинава повторно се врати во топ форма и во моментов е лидерка во генералниот пласман за големиот кристален глобус во Светскиот куп. Шифрин ќе настапи во сите дисциплини, освен во спуст каде годинава пропушти доста трки и во светскиот куп.

ЈОХАНЕС ТИНГНЕС БО 

По заминувањето на Мартан Фуркад во пензија, норвежанецот Јоханес Тингес Бо е најголемата бијатлон ѕвезда. Годинава не е во најдобра форма во Светскиот куп, но тоа најчесто знаат да го направат Норвежаните во олимписка година и целиот фокус да го насочат токму кон игрите. Притисокот е голем кон Бо кој немаше најдобар настап на минатите игри во Пјонг Чанг, а овојпат целата јавност во Норвешка очекува од него да освои медал буквално во сите категории.

РИОЈУ КОБАЈАШИ 

Освојувачот на Светскиот куп во ски-скокови од 2019 година и сезонава е во најдобра форма. По втор пат славеше на Новогодишната турнеја „четири скокалници“ и во најдобра форма доаѓа пред почетокот на игрите. Како предност за Кобајаши е токму тоа што на азискиот континент се одржуваат игрите, услови кои и тоа како му се познати. Најдобриот азиски ски-скокач во моментов ќе биде голем фаворит за освојување на златниот медал на малата и големата скокалница во Пекинг.

Се вчитува...