Почуден гол не сте виделе (видео)

Лорен Хемп постигна хет-трик за младинките на Англија на дуелот од СП против Мексико што „гордиот албион“ го доби со убедливи 6-1. Сепак, еден од трите гола Хемп ќе го памети долго, како еден од најчудните погодоци воопшто постигнати на фудбалските терени ширум светот во последните години.

Англичанката успеа да ја мине противничката голманка, беше фаулирана, а при падот на земја налета точно на топката, сместувајќи ја во мрежата.

Погледнете што всушност се случи…

Се вчитува...