ЕКИПА во Белек,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија претпладнево го одржа официјалниот тренинг на стадионот “Мардан арена” каде утре, со почеток во 18 часот по македонско време ќе се одигра вториот пријателски натпревар од оваа мини турнеја во Турција, против селекцијата на Азербејџан.
Избраниците на Игор Ангеловски го почувствуваа теренот на „Мардан арена“ на која утре ќе бараме продолжување на низата без пораз.
Македонија шест едноподруго натпревари не знае за пораз (три победи и три ремија) од мечот со Шпанија кога во јуни 2017 загубивме со 0-1 во Скопје. Желбата е да се стигне до нов триумф по кој дополнително мотивирани оваа година би продолжиле низ подготовките за стартот на натпреварите во Лигата на нации…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА