ПОД ОБРАЧ со Мартин Мојсовски: Условите кои ги имаме како кондициски тренери се далеку од некое ниво, срамно е што државата не го вреднува успехот на Специјалната олимпијада

Зад македонските младински кошаркарски репрезентации е уште едно неуспешно лето во кое очекувањата и покрај тоа што не беа големи, не беа исполнети. Кошаркарите до 20 години не успеаја да се пласираат во А-Дивизија и покрај желбата за медал на првенството во Грузија, кошаркарите до 18 години го загубија статусот во А-Дивизија, притоа забележивајќи само една победа на првенството во Турција, а единствените кои успеаја да „обелат образот“ беа кошаркарите до 16 години кои со победите над Црна Гора и Данска успеаја да ја остават репрезентацијата во „елитата“ и за генерацијата која следи.

Проблемите со кои се соочува македонската кошарка се темелни и се базираат уште од најмладите категории, а еден од клучните моменти според реномираните тренери со интернационално искуство е недоволната и неправилната работа со запазување на кондиционите тренери кои се клучот за вистински раст и развој.

Проблемот е јасен, но кој е проблемот и кои се условите со кои се соочуваат кондиционите тренери? За да добиеме одговор на ова прашање говоревме со Мартин Мојсовски, млад, но тренер со искуство во пливањето (Специјалната олимпијада на Македонија, Трисомиja 21, Доза Среќа), борење (БК Безбедност), ракометот (РК Енхалон) и кошарката (КК Вардар, КК Феникс 2010), специјализант на Универзитетот за спортска наука во Лајпциг, Германија.

„За да се развиеме како кондициски тренери на овие простори потребни ни се подобри услови за работа и можност за напредок што не е овозможено. Паричните средста кои ги добиваме тука и надвор се многу различни и тоа влијае во можноста за надоградување и изучување на оваа материја. Ние сме лимитрани во однос на финансиите и тие си го прават своето. Ако тренерите се платени подобро ќе имаат повеќе и подобри услови за образование и поголема вклученсот во тие процеси. На голем дел од тренерите оваа професија им е секундарна и мораат да работат нешто друго само за егзистенција. Не би сакал да ги навредам можностите тука, но сите кои се во спортот знаат која е ситуацијата во Македонија. Тоа е фактор како што одминуваат годините да се намалува интересот за оваа професија, а со тоа и можноста за соработка и споделување на искуство меѓу тренерите кое е клучно. Би биле чекор понапред доколку се професионализира тренерската работа и имаме подобра и поголема доедукација на кадрите“, го започнува разговорот Мојсовски.

Пробемите се темелни и започнуваат од најмладите возрасни категории со прераната специјализација, а не се запазува базичниот развој кој подоцна доведува до негативен контекст и носи голем недостаток.

„Имаме проблем кој може да се нарече и синдром на прерана специјализација во која тренерите многу рано сакаат да ги специјализираат децата и да видат резултати од нив. Праксата тука и надвор докажува дека децата на почеток на спортот и спортските активности треба прво да се забавуваат и да добијат универзални вештини од повеќе спортови. Како базични за тоа би ги споменал атлетика, пливање, борење, фудбал, итн. Со тоа ќе имаат општи познавања за понатаму да може да се специјализира. Градењето на една квалитетна база не само што ќе ги направи подобри спортисти ќе ги направи и подобри луѓе бидејќи ќе ја имаат целосната слика за спортот. Многу е важно да се напомене психолошкиот аспект со кој не можеме да бараме од нив да се однесуваат како возрасни лица, туку пред се треба да уживаат и на спортот да гледаат како забава, а понатаму да го препознаат спортот и да гледаат на него како професија и можност за егзистенција“, продолжува младиот тренер.

„Вклучувањето во спортот треба да биде на пет, шест годишна возраст, а притоа да постојат универзални школи за развој за после неколу години посериозно да се вклучат во тренирање на одреден спорт. Јасно со земање на обѕир на фактот дека децата се развиваат различно. Има деца кои порано созреваат и се фаворити кај тренерите бидејќи доминираат во своите генерации, имаме други кои имаат регуларен развој и деца кои доцнат. По овој „детски развој“ треба да дојде до спецификација. Ние ги добиваме децата без оформена база и повторно мора да работиме со нив во тој дел и кога тие се веќе во 18, 19 годишна возраст. Не можеме да скокаме скалила и најчесто кога тие се скокаат развојот не е целосен. Понекогаш проблем се и родители кои влегуваат со преголеми амбиции за нивните деца и тоа има контра ефект. Не доволуваат тие да се развиваат со сопствено темпо, премногу брзаат и имаат големи очекувања за кои децата не се подготвени“


„Мора да напоменам дека како едукатор мене најважно ми е децата да се развијат во квалитетни личности бидејќи тоа е основата за едно здраво општество. Преку спортот децата можат да научат многу, да створат пријателства и правилни односи кои подоцна ќе имаат позитивен аспект на општеството. Без разлика дали ќе останат тие во спортот или пак ќе преминат во друга сфера од животот“.


Мојсовски има искуство и на интернационалната сцена со младинските кошаркарски репрезентации до 16 и 20 години па го запрашавме колку е очигледна разликата помеѓу нашите и станските кошакари на континенталните собири.

„Во младите возрасни категории нема преголеми разлики, но како што одминуваат годините и влегуваат во останатите категории до 16, 18 години разликата е очигледна. Од аспект на тренажен процес сигурно сме поназад и во регионот, а Европа е друга приказна. Не сакам да навредам некој бидејќи и јас сум од овој систем во кој имаме многу кадри кои сакаат да видат напредок и се трудат, но многу луѓе кои се развиваат тука иднината не ја гледаат тука и сонуваат што побрзо да излезат надвор од овој регион“

„Според мене потребно е и играчите да добиваат поголеми парични средства бидејќи тоа ќе биде мотив за да останат во Македонија. Тоа е клучно бидејќи само со конкурентност и добри услови во домашните првенства можеме да го развеме спортот во дражавата. Има позитивни искуства од други спортови во кои се вложувало, како во ракометот. Клубовите имаат основа за тренирање и создавање на солидни играчи што не можам да кажам дека е исто во кошарката“

Мојсовски во разговорот за ЕКИПА го споделува и своето искуство од Универзитетот за спортска наука во Лајпциг. Какви се условите, каква е инфраструктурата, но и што може да примениме за развој на „вистинскиот пат“.

„Методите на работа не се тајна и можат да се прочитаат во многу книги, но нивната имплементација и соработката со другите кадри е клучно за нивниот успех. Можам да кажам дека условите во теретаните не се некоја разлика, понудата на опремата е таа, но предничат со методите на тестирање и еваулација на спортистите. Инфраструктурата е доста понапредна од нашата. Салите се топли, терените се искосени. Превозот до инфраструктурата, до терените е многу лесен. Клубовите знаат дека ако вложат во играчите и тие ќе добијат од нив понатаму. Во кадрите покрај прв тренер и помошник имаат доктор, физиотерапевт, кондиционен тренер, психолог, цел систем во кој се вклучени повеќе луѓе и кога „мислите со повеќе глави“ нормално дека производот и резултатот ќе биде подобар. Заштитени се со пензии, со договори за несреќа доколку дојде до повреда. Се вложува во тренерите и таму кондиционите тренери не се гледаат како нешто секундарно, туку како примарно“, вели Мојсовски кој потоа додава:

„Нам ни е потребен долгорочен план за развој на пет, десет години па на одреден временски период да видиме до каде сме, каде ни се грешките. Нормално мора и институциите да почнат да ни веруваат на младите кадри. Доколку ние мора да ризикуваме 10, 15 години од кариерата и ние би ги повториле грешките и нема да мрднеме од ова ниво. Македонија е држава во која има талент и традиција за спорт. Знам дека можеме многу подобро од ова. Ние не сме ни на 50 отсто од можностите, но потребна е стратегија, трпение и желба за работа“

Своето искуство младиот oхриѓанец го спроведува во Кошаркаркиот клуб Феникс 2010 кој важи за еден од најдобрите колективи во младинската кошарка, а од претхондата сезона е дел и од прволигашката сцена каде се наметна како сензација настапувајќи со грото млади играчи.

„Секако дека гледам голем напредок кај младинците на Феникс, но не би сакал да ги форсирам децата туку сакам да ги оставам со своја брзина да се развиваат. Како што гледаме доста играчи од младинскиот погон веќе влегуваат во сениорскиот тим па и тоа да биде само за тренинг. Сениорската кошарка е многу различна од младинската и затоа не сакаме да форсираме и да дојде до контра ефект. Наидувам на позитивни реакции од родителите на децата, од стрчниот штаб на Феникс со кој многу говориме на оваа тема. Како еден од водечките клубови во младинската кошарка обрнуваме внимание на сите аспекти“

Мартин Мојсовски како амбасадор на Интернационалниот тренинг курс (ИТК) со база во Лајпциг на Универзитетот за спортска наука вели дека може да се искористи оваа „врска“ за специјализација, но и за воспуставување на однос со експерти од кои можеме да го добиеме искуството кое недостасува.

„Јас бев првиот студент кој успеал да добие стипендија на тој Универзитет и по завршувањето на семестарот добив понуда да бидам нивни претставник во Македонија. Формирав здружение на кое целта е да се охрабрат други студенти да се запишат и да добијат стипендија на некои од спортските правци кои ги нуди Универзитетот и по враќањето тука да ни се подобри спортскиот квалитет. Имаме и други активности кои влегуваат во овој однос како спортот кај лицата со атипичен развој со акцент на пливањето за кој имаме конкретни програми. Како претставник на регионот на Европа и централна Азија претходната година бев дел од собир во Лајпциг каде разменувавме искуства и стручни знаења и правевме план за дополнителен развој на проектот на глобално ниво. ИТК е образовен курс и доколку ние воспоставиме однос со Универзитетот во Лајпциг би било лесно да доведеме експерти со големо искуство кои би држеле семинари за како ние со моменталните услови и можности да направиме напредок. Едукацијата и продолжената едукација дава плод, но ние имаме еден проблем бидејќи тренерите одбиваат да вложат за подобрување на знаењето со оглед на финанските можности. Јас познавам доста кондициони тренери кои веќе се заминати од Македонија и мала е веројатноста дека ќе се вратат тука“

Младиот тренер долго време беше дел од Специјалната олимпијада на Македонија па го запрешавме за искуствата и предизвиците.

„Како во професионалниот спорт така и кај лицата со атипичен развој се јавуваат истите проблеми. Пред се тие немаат доволно понуда за тренинг, доволно кадар и тренери кои работат со нив. Споредбата е идентична. Пред се ако некоја атлета со атипичен развој се натпреварува на интернационално ниво тоа мора да е утврдено во Законот со тоа што тие лица би добиле некоја пензија, некои бенефити од тоа вложување бидејќи издвојуваат сериозно време од нивниот ден за тој резултат, преставувајќи ја Македонија. Кај нас овој спорт не е воопшто развиен. Со мојот колега Радован Вељановски градиме база околку десетина години во пливањето и имаме програма за непливачи, оние кои се адаптираат во пливањето и потоа кога ќе ги научат основите можеме да ги вкучиме во натпреварувачко пливање. Кај нас нема организирани натпревари, ние огранизираме митинзи кои се два пати во годината. Имам и интернационално искуство, јас бев селектор на фудбалска селекција со која го освоивме второто место во Санкт Петерсбург, Русија по шест месечни подготовки. Како за мене, така и за атлетите тоа беше одлично искуство, но останува жал бидејќи никој не го вреднува тој успех“, вели Мојсовски.

Се вчитува...