Подадена рака: „Падна“ важен договор во Барселона

Само еден ден по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите, во Барселона има простор за задоволство, но од друга причина. Клубот успеа да го задржи еден од најдобрите играчи во моментов.

Станува збор за Френки де Јонг, кој стави крај на шпекулациите за неговата иднина, откако се согласи да потпише нов договор со „Каталонците“. Се е веќе договорено, а Холанѓанецот ќе потпише новдоговор со важност до 2029 година, што значи дека уште најмалку четири години ќе биде дел од Барса.

Холанѓанецот дојде во Барселона од Ајакс во 2019 година. Неговиот сегашен договор истекуваше на крајот на актуелната сезона, меѓутоа во следните денови каталонскиот клуб ќе обелодени дека истиот е продолжен.

Се вчитува...