Подадена рака: Стоперот на Парма на пат кон Ливерпул

Ливерпул го доби потписот на 18-годишниот стопер на Парма, Џовани Леони. Леони веќе е на пат кон Англија, каде денеска треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со англискиот првак.

Леони е роден во Рим, а одличната сезона во Парма му донесе веднаш трансфер во еден од најголемите светски клубови. Станува збор за висок дефанзивец, 195 сантиметри, во кој Арне Слот гледа како идеално засилување за својот тим во одбрана на шампионскиот пехар.

Леони во минато беше дел од Сампдорија, но не доби шанса да игра во тимот од Џенова, а беше член и на Падова.

Се вчитува...