Подадена рака за идна соработка: Моралес останува во Вардар и следната сезона

Вардар 1961 и Куни Моралес си подадоа рака за продолжување на соработката и идната сезона. Покрај кубанскиот интернационалец, Вардар преходно ги обезбеди и Тимур Дибиров, Марко Мишевски, Борко Ристовски.

Моралес дојде минатото лето во Македонија, остави одличен впечаток, особено со игрите во пролетниот дел од сезоната кога Давид Дејвис дојде на вардаровата клупа, па раководството на „црвено-црните“ му понуди нов договор.

Вардар вчера и официјално го претстави левиот бек Жилберто Дуарте, како и средниот бек Божо Анѓелиќ. Како ново засилување се најавува рускиот кружен напаѓач, Павел Андреев.

Се вчитува...