Подарок за Агуеро: Златни копачки од „Пума“ за најдобриот стрелец во историјата на Сити

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро во Неапол, на мечот против Наполи во ЛШ, стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити. Тој го постигна 178.гол во дресот на „граѓаните“ и со тоа го урна рекордот на Ерик Брук, кој беше стар 78 години.

Рекордерот доби и специјален подарок од „Пума“, компанијата за спортска опрема која ги изработува неговите копачки. Дизајнирана е специјална серија со златна боја, која ќе биде наменета токму за Серхио Агуеро и неговиот рекорд. Аргентинецот треба да ги носи на денешното дерби од Премиер – лигата против Арсенал на „Етихад“.

Се вчитува...