Поддршка од Столе и Филип Лазаров: „Момци, само храбро… Играјте за вас и за Македонија!“ (ВИДЕО)

Поранешните македонски ракометни репрезентативци Стојанче Стоилов и Филип Лазаров испратија порака поддршка за своите поранешни соиграчи пред денешниот натпревар со Франција од 18 часот на отворањето на Европското првенство 2024 во Германија.

Во видео-пораката подготвена од Ракометната федерација на Македонија, Стоилов и Филип Лазаров како и бројни македонски фанови испратија зборови поттик за сите наши репрезентативни ракометари.

„Момци, само храбро, без притисок… Играјте за вас, за вашите семејства и за Македонија!“ – е пораката на Столе на која се дополни и Филип Лазаров…

Се вчитува...