ЕКИПА во Клаипеда,
Стеван Цаневски
Македонскиот Амбасадор во Полска и Литванија, Господинот Јасмин Кахил, два часа пред почетокот на дуелот во Клаипеда се најде во арената, каде ќе ги бодри нашите кошаркари на вечерашниот натпревар.
Тој имаше кратка средба со кошаркарите и членовите на стручниот штаб посакувајќи им среќа на натпреварот, по што се сретна и со претседателот Перо Антиќ и останатите членови на македонската кошаркарска федерација.
„Јас сум голем спортски фан и уживам да ги следам настаните во најразлични спортови. Бев присутен и на последниот меч во Полска на кој славевме убедлива победа, се надевам дека повторно ќе имаме причина да се радуваме. Настојувам да сум присутен секаде каде што играат македонски репрезентации, за жал поради службени обврски не бев во можност да ги бодрам ракометарите овој месец, но верувам дека ќе имам друга можност за средба со нив. Имаме неколку фудбалски репрезентативци во Полска, Чурлинов, Атанасов и Костадинов, со кои сум во контакт и се радувам на нивните успеси во оваа земја“, изјави Амбасадорот Кахил во неформален разговор со македонските новинари во Клаипеда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА