Подготвен е нов договор: Салах останува во Ливерпул!

По големите шпекулации во јавноста, Ливерпул подготви нови договори за своите две најголеми ѕвезди, пренесува Фабрицио Романо.

Се чини дека повеќемесечната сага околу тоа кои играчи ќе ги задржи Ливерпул наскоро ќе добие епилог. Како што стојат работите, Мохамед Салах и Вирџил ван Дијк се многу блиску до договор со челниците на клубот околу продолжување на соработката.

Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо пренесува дека двајцата асови речиси сигурно ќе останат на „Енфилд“.

„Не само што е неминовен новиот договор на Мо Салах. Ливерпул исто така е уверен дека наскоро ќе договори нов договор за Вирџил ван Дијк, како што се очекуваше. Се очекува Салах и ван Дијк да останат во клубот“, напиша Романо.

Се вчитува...