Подготвен за Холивуд: Роналдо глумеше на 4-0 па доби жолт картон (ВИДЕО)

Португалија очекувано го декласира Лукасембуг со 6-0 во второто коло од квалификациите за ЕВРО 2024 во натпревар во кој Кристијано Роналдо ја продолжи голгетерската низа против „омилената држава“, но се најде и во центарот на вниманието со лошата глума.

Имено, во 57. минута од натпреварот при резултат 4-0 Роналдо на прилично наивен начин се обиде да изнуди слободен удар на работ на шестнаесетникот. Без никаков контакт со противникот тој драматично се фрли на земјата, а за судијата актерскиот потег го награди со жолт картон.

Глумата на Португалецот може да ја видите ТУКА.

Се вчитува...