Подготвен за „кам-бек“: Несторовски на клупата на Удинезе на дуелот со Аталанта

Рехабилитацијата на македонскиот интернационалец Илија Несторовски е пред крај. Тој е подготвен за „кам-бек“ во Удинезе, откако попладнево се најде на клупата за резерви за својот тим на гостувањето кај Аталанта.

Опоравувањето оди побрзо од очекувањата, со оглед дека прогнозите беа дека ќе се врати некаде кон крајот на ноември. Меѓутоа еве го Нестор, еден месец порано од прогнозите конкурира за настап.

Тој долго време беше отсутен поради повреда на лигаментите, со што го пропушти и Европското првенство.

Се вчитува...