Подготвени ли сте за евролигашки Ол-стар?

Промената на раководството на Евролигата ќе донесе промени и во самото натпреварување. Истите ќе започнат од плеј-ин турнирот на кој шанса за место во плеј-офот ќе добијат повеќе екипи, а промените нема да запрат тука.

Еден од раководителите на најсилното европско кошаркарско натпреварување, Паулиус Монтејунас говореше на оваа тема во интервју. Идејата на Литванецот е да се следи примерот на НБА лигата и не ја отфрли можноста за евролигашки Ол-стар во годините кои следат, како и соработка со НБА лигата.

„Ја имаме како идеја, но прво да видиме што ќе биде со плеј-инот. Докажано е дека овој систем е успешен во НБА и ќе се обидеме да го донесеме во Евролигата следната година. Да видиме што ќе биде. Ол-стар натпреар не е нешто што се покажа како многу успешно во првенствата ширум Европа, но доколку може да ги донесеме сите заедно на исто место, па зошто не и да повикаме некои НБА тимови во Европа за социјализација и спонзорства, зар тоа нема да ја направи кошарката подобра?

Би сакал да организираме нешто заедно со НБА. Сакам да ги разгледаме сите можности. Се ќе биде тоа добро за кошарката. И се може да се постигне, но тоа што треба да го направиме е да најдеме „дупка“ во распоредот, националните тимови и се останато. Ако се најде решение и „вин-вин“ ситуација мораме да реагираме“, вели Монтејунас.

Се вчитува...