Подготвени уште еднаш да се „здрмаат“ Германците… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација го одработи официјалниот тренинг на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје пред утрешниот квалификациски натпревар со Германија во 8. коло од Групата Ј на патот за СП 2022.

Во пресметката на двете првопласирани селекции во групата сосема е јасно дека Македонија е таа која нема што да загуби, а може повторно многу да добие од позитивен резултат во пресметката со „панцирите“…

Во крајно позитивна атмосфера беше одработен и вечерашниот тренинг на „Тодор Проески“ со силна верба меѓу сите репрезентативци дека ќе се даде максимумот во желбата уште еднаш да се изненади големиот фаворит.

 

Се вчитува...