Македонските репрезентативци со чартер лет од скопскиот аеродром од 10:30 часот денеска заминуваат за Букурешт на финалните подготовки пред стартот на Европското првенство 2020.
Претходно, утрово, со силна поддршка од медиумите и претставниците на ФФМ беа испратени од хотелот „Хилтон“ во Скопје. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини им посака многу успех на престојното првенство, да бидат тоа што се, да го понесат сето она единство и заедништво кое владее во репрезентацијата и да и донесат нови радости на македонската јавност…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА