Македонските репрезентативци денеска на арената „Тодор Проески“ во Скопје го одработија финалниот тренинг пред утрешниот пријателски натпревар со Летонија.
И покрај тоа што се работи само за тест дуел, апсолутно силен е мотивот кај националните претставници да се продолжи победничката серија против Летонците, меѓу другото, и како мотив повеќе за последниот квалификациски натпревар против Велс во Кардиф на 18. ноември.
Секој поединец во таборот на Благоја Милевски потенцира дека ќе се атакува на триумф против Летонија и како подарок за македонските навивичи во последниот домашен натпревар во овој квалификациски циклус кој се заокружува со дуелот со Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

