Подготвени за уште една радост за да продолжи патот кон Мундијалот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Враќање од Белгија, тренинг, прес-конференција, па повторно тренинг… Ова беше „шемата“ на репрезентацијата во кратката пауза помеѓу двата натпревари. Еуфоријата од нерешениот резултат со Белгија и првото место, треба да бидат она кое ќе ги водат нашите репрезентативци кон уште еден успех утре против Казахстан. Тој успех ќе биде победа. Се друго ја оддалечува Македонија од исполнување на сонот.

Сите од националниот тим се подготвени за новиот предизвик. Висар Муслиу можеби нема да игра, ама оние кои ќе ја добијат шансата сигурно ќе дадат се од себе за Македонија да остане на местото број еден пред последниот круг од квалификациите.

Казахстан е меч кој мора да се добие. Со поддршка на домашната публика, Македонија може. Нека продолжи серијата без пораз, нека се освојат трите бода утре, па во ноември да славиме сите пласман на Мундијал. Тоа е сонот на секој Македонец.

Се вчитува...