Hisense лансираше нова кампања, „Own the moment“, во која се вели дека искуствата за време на FIFA Club World Cup 2025™ можат да нè зближат и да ни го подобрат секојдневието. Како официјален партнер на летниот фудбалски спектакл, кампањата „Own the moment“ на Hisense ја одразува посветеноста на компанијата кон иновациите, технологијата и духот на шампионот.

Hisense долго време го слави фудбалот како најубава игра. Покрај тоа што е официјален партнер на FIFA Club World Cup 2025™, брендот е и глобален партнер на две последователни шампионати FIFA World Cup™, како и на три UEFA Euro првенства. Соработката со организацијата FIFA континуирано ја потврдува посветеноста на компанијата Hisense кон дизајнирање и производство на напредни апарати за домаќинство и технологии кои навистина го менуваат секојдневниот живот на корисниците.
Кампањата „Own the moment“ нагласува како супериорните, иновативни производи и технологии на брендот Hisense придонесуваат за создавање незаборавни моменти за фановите ширум светот.
Благодарение на Hisense 100” U7 телевизорот и Hisense C2 Ultra проекторот, љубителите на фудбалот можат да ги доживеат моментите од теренот и атмосферата на стадионот од удобноста на својот дом. Hisense U7 телевизорот обезбедува беспрекорна репродукција на бои и богата аудио-визуелна содржина, додека C2 Ultra проекторот ја евоцира сликата, така што се чувствувате како да сте на најдоброто место на стадионот.

За сите оние кои сакаат да грицкаат и да се освежуваат за време на натпреварите, тука е PureFlat Smart фрижидерот, со практичен диспензер за вода и мраз, доволно простран за да собере грицки за сите навивачи. Hisense клима уредите ви овозможуваат да останете ладни и да се концентрирате на играта – благодарение на Smart Eye паметниот систем, температурата, влажноста и насоката на дување автоматски се прилагодуваат во зависност од движењето на луѓето во просторијата.
Hisense сака да им овозможи на фановите ширум светот да го прифатат моментот и целосно да уживаат во FIFA Club World Cup 2025™. Во исто време, компанијата ја зајакнува својата позиција меѓу љубителите на најпопуларниот спорт на планетата со своите иновации и квалитет.
Повеќе детали за кампањата и Hisense телевизорите можете да најдете на официјалната веб-страница на Hisense.
# # #
За Hisense
Hisense е еден од водечките светски брендови на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство. Портфолиото на компанијата комбинира мултимедијални уреди со фокус на паметни телевизори, апарати за домаќинство и интелигентни ИТ решенија. Hisense работи во повеќе од 160 земји низ светот и постигнува исклучително динамичен раст во индустријата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

