Подмладениот Металург со 11 ракометари само полесен спаринг-партнер за Висла Плоцк

Подмладениот Металург со само 11 ракометари немаше ниту најмала шанса да се спротистави на полскиот Висла Плоцк во Лигата на Европа, доживувајќи убедлив пораз од 38-19.

Уште пред натпреварот беше сосема јасно како ќе течат нештата ако се знае дека Висла е со максимален ефект во досегашните средби од ЛЕ. Сето тоа се потврди на почетокот кога Висла поведе со 6-0, па потоа се стигна до 16-9 за Полјаците на полувремето.

Во второто полувреме се беше рутина, па Металург кој во Полска е и без најдобриот свој ракометар Хрватот Хорват, на крај загуби со 38-19.

Вториот натпревар меѓу Висла и Металург се игра веќе во вторник, повторно на теренот на противникот.

Се вчитува...