ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Македонската ракометан репрезентација има активен резултат по првите 30 минути во дуелот со Данска (12-12) , во последниот натпревар од главната фаза на ЕП во Хрватска. Во отсуство на капитенот Кире Лазаров кој го пропушта овој меч поради повреда, селекторот Раул Гонзалес во поголем дел од првото полувреме шанса им даде на помладите играчи во репрезентативниот состав. Нападот на македонската репрезентација со Филип Талески, Филип Кузмановски и Марко Велковски на бековската линија, бескомпромисно влезе во дуел со Данците и држи резултатски приклучок.
Филип Кузмановски го постоигна првиот гол за Македонија за сѕтартно изедначување на 1-1. Во првите десет минути од натпреварот макеоднските ракометари се држеа во егал, до последното изедначување на 5-7. Данците го засилија темпото, а македнската одбрана се потешко успева да го сопре налетот на противникот. Но, нападот со младинската бековска линија Кузмановски-Талески-Велковски добро функционира и ја држи Македонија во игра (8-9) во 18.минута од натпреварот и неискористен седмерец за изедначување. Сепак, Македонија дојде до изедначување две минути подоцна и тоа со погодокот на голманот Никола Митревски на празниот гол на Данска за 9-9. Нерешен резултат на семафорот остана и на крајот од првиот дел (12-12).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА