Десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими, денеска и официјално е обвинет за силување откако првичната истрага против фудбалерот собра доволно докази за да биде покрената постапка против Мароканецот.
Една 24-годишна жена во неделата дошла во полициска станица во едно преградие на Париз, тврдејќи дека била силувана од страна на Хакими. Фудбалерот експресно ги демантираше обвинувањата, но по собраните докази беше утврдено дека обвинителството има доволно материјал за да поднесе обвинение против мароканскиот фудбалер.
Ашраф Хакими не смее да ја контактира жртвата, а на мароканскиот интернационалец му е забрането и да ја напушти државата додека трае постапката. ПСЖ сепак успеал да се избори за исклучок, па Хакими добил зелено светло да настапи со тимот на гостувањето против Баерн Минхен во ЛШ, со тоа што клубот го гарантира неговото враќање назад во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА