Дека кошаркарите во НБА лигата заработуваат огромни пари не е непознато, како што не е познато дека често ги „трошат“ на глупости и забава.
Еден од нив е освојувачот на два прстени со два различни клуба, Џ.Р. Смит кој во својата 16-годишна кариера заработи повеќе од 90 милиони долари. Денеска, три години по пензионирањето, жали за потрошените пари.
„Подобро да фрлиме 60.000 долари во стриптиз клуб отколку да нахраниме 2.500 луѓе во соседството. Дали знаете колку начинот на живот на луѓето може да се промени со 10 милиони долари во нашата средина? Можев да ја нахранам целата моја заедница со парите со кои плаќав казни“, изјави Смит.
Поранешниот кошаркар на Хорнетс, Нагетс, Никс, Кавалирс и Лејкерс купил оклопно возило што го користела војската во 2013 година, а за тоа платил 450.000 долари. Смит вели дека сега нашол внатрешен мир и ги советува луѓето да не ги прават истите грешки што тој ги направил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

