По спектакулраниот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид кој заврши со резултат 4-3 во центарот на вниманието повторно е голгетерот на „кралевите“, Винисиус Џуниор кој трпи нов налив на критичарите.
За изданието на Бразилецот говореше и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Алваро Бенито предупредувајќи го дека мора да го промени менталитетот.
„Подобро да не зборам што направи Винисиус, каква срамота. Тренерот кој ќе пристигне ќе има полни раце работа бидејќи мора да го менува и менталитетот на одредени фудбалери. Не можеш да играш фудбал како Винисиус. Да браниш простор со очите, да избегнуваш повратни топки, да не го чуваш противникот, да не правиш пресинг. Изданието на Винисиус е слично како она на Родри во финалето во Купот. Очаен е“, изјави Бенито.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

