Подобро не можеше да почне – Голема битка и тензии во победата на Русија над Швајцарија

Со неверојатен натпревар меѓу Русија и Швајцарија почна машкиот хокеарски турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг. Неизвесен меч со многу тензии, а неколку пати беше и на раб на голем инцидент заврши со победа на „зборнајата“ од 1-0.

Клучниот момент во натпреварот се случи на три секунди до крајот на првата третина кога Антон Слепишев на прекрасен начин го матираше швајцарскиот голман Рето Бера. До крајот натпреварот помина во голема тензија меѓу двете екипи, а Русите успеаја да се одбранат и да стигнат до првиот триумф на шампионатот.

Русија со овој триумф изби на првата позиција на табелата во групата А, а денеска се игра и вториот меч од овој сегмент меѓу Данска и Чешка.

 

 

Се вчитува...