И вториот четвртфинален натпревар ќе биде решен минимум во продолженија откако по 90 минути Франција и Португалија играат без голови 0-0. Откако првиот дел беше вистинска приспивна песна, во второто полувреме двете екипи одиграат добро.
Првата шанса на натпреварот ја имаше Португалија во 61. минута кога Бруно Фернандеш биеше кон голот на Франција, но одлично интервенираше Мајк Мањон. Втората шанса ја имаше Витиња во 64. минута, но повторно одлично интервенираше Мањан.
Најголемата шанса за Франција на мечот ја имаше Коло Муани, кој повторно со ист удар како во финалето против Аргентина на СП 2022 биеше и повторно не успеа да го матира противничкиот голман. Шанса имаше и Камавинга во 70. минута, но и од овој удар Франција не стигна до водство.
Резултатот до крајот остана 0-0, а вториот полуфиналист ќе го дознаеме најмалку по продолженија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА