Подолски: Ова е мојата последна сезона

Поранешниот германски репрезентативец, 40-годишниот Лукас Подолски, најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе прекине со професионалното играње на фудбал.

Подолски моментално игра за Горник Забже во полскиот шампионат, и моментално е лидер во првенството. Некогашниот играч на Баерн Минхен, Арсенал, Келн и на Галатасарај, најави пензија после 22 години професионална кариера.

„Во принцип ова треба да е последната сезона за мене. Но, ако освоиме титула, можеби ќе размислам да играм и следната“, рече тој во интервју за германските медиуми.

„Навистина уживам во работата и надвор од теренот. Имам 40 години и моите приоритети се променија. Клубот ми даде можност да работам многу различни работи. Се уште уживам во играта, а во исто време им помагам на помладите играчи со моето искуство. Но, веќе не сум како пред 10 години“, рече Подолски.

Се вчитува...