Фудбалските селекции на Германија и на Англија вечерва во Дортмунд ќе одиграат пријателски натпревар, а тоа ќе биде и последен меч во националниот тим за Лукаш Подолски. Тој ќе го одигра својот 130.меч за „панцирите“ во кариерата, и ќе се повлече од германската национална селекција, препуштајќи им го местото на помладите. Подолски ќе ја носи и капитенската лента и ќе биде испратен како еден од „големите“ во историјата на германскиот фудбал.
„Подолски е еден од „големите“ фудбалери во историјата на Германија, тоа е сигурно. Ако сте одиграле повеќе од 100 натпревари за националниот тим, тогаш сигурно имате заслуги што вечно ќе се паметат“, изјави селекторот Јоаким Лев.
Германците на овој меч ќе бидат без услугите на Месут Озил, Мануел Нојер, Џулијан Дракслер и Марио Гомез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА