„Поезија во движење“ – прв гол на Иниеста во Јапонија (видео)

Андрес Иниеста го постигна својот прв гол во Јапонија, и тоа во голем стил откако со фантастичен прием си обезбеди простор за лесна реализација и водство на Висел Кобе против Џубило Ивата.

Шпанецот самиот ја почна акцијата на средината на теренот, па потоа втрча во шеснаесетникот, одлично прими една топка од Лукас Подолски и мајсторски реализираше, покажувајќи во далечна Јапонија зошто до неодамна важеше за еден од најдобрите светски фудбалери.

 

Се вчитува...