Погачар и Мекинтош се спортски лауреати за 2025

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар и канадската пливачка Самер Мекинтош се избрани за најдобри спортисти за 2025 година во престижниот избор на францускиот спортски весник „Л’Екип“. Ова е прво вакво индивидуално признание и за Погачар и за Мекинтош, по нивните одлични резултати во годинава што изминува.

Погачар стигна до наградата во тесна борба со Арманд Дуплантис, велосипедистот освои вкупно 821 глас, додека повеќекратниот светски рекорд во скок со стап освои 799 гласа. Тие двајца беа далеку пред конкурентите, ако се знае дека третото место го освои Карлос Алкараз со 252 бода во гласањето.

Мекинтош освои 628 гласа во женска конкуренција, второто место и припадна на американската атлетичарка Сини Меклафлиџ Леврон со 516 гласа, пред Мелиса Џеферсон – Вуден со 425 гласа.

Погачар во оваа 2025 стигна до тититулата на Тур де Франс, негова четрта победа на оваа трка, а доминацијата ја потврди и со триумфи на трките во Фландрија и во Ломбардија.

Канадската пливачка беше брилијантна на последното светско првенство, каде 19-годишната Мекинтош освои дури четири златни медали.

Се вчитува...