Погачар победник на шестата етапа на ТДФ

Двократниот шампион на Тур де Франс, Тадеј Погачар ја освои шестата етапа на овогодинешната најголема велосипедска трка, но жолтата маичка ја презеде Данецот Јонас Вингегард кој низ целта мина како второпласиран со заостанување од Погачар 24 секунди.

Словенецот беше најдобар, и покрај тоа што неколку пати беше загрозен токму од Вингегард, но кога остана во битка „еден на еден“ одличниот Словенец на 2,5 километри пред крајот направи „јуриш“ кон победата.

Првопласираниот до денеска и носител на жолтата маичка Џаи Хиндли стигна на крајот со задоцнување од 2:39 зад Погачар, па така жолтата маичка му припадна на Вингегард.

Се вчитува...