Најдобриот светски велосипедист Тадеј Погачар по триумфот на најпрестижната велосипедска трка „Тур Д’Франс“, на изненадување на целиот спортски свет се откажа од настапот на ЛОИ во Париз за словенечката репрезентација.
Официјалната причина, како што информираа од словенечкиот сојуз, е дека Погачар се откажал од настапот во Париз поради голем замор, но како што пренесуваат медиумите од Словенија причината е сосема друга. Погачар е наводно лут затоа што, неговата вереница Уршка Жигарт која годинава е државна шампионка во хронометар и улична трка, не доби покана за настап на Игрите во Париз иако го заслужи тоа.
Но, од словенечкиот сојуз одлучија на ЛОИ да одат Еугенија Бујак и Урша Пинтар, објаснувајќи дека Бујак и Пинтар се подобро подготвени и имаат поголеми шанси за успех. Сето тоа го налутило Погачар кој се одлучил да се откаже од настапот во словенечкиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

