Пол Погба повторно е актуелен во светската фудбалска јавност откако суспензијата за позитивниот допинг-тест му беше намалена од четири години на осумнаесет месеци.
Ова практично значи дека францускиот плејмејкер ќе може да се врати на фудбалот во март 2025 година, но прашање е во чиј дрес. Челниците на Јуве сакаат да го раскинат договорот со него, интерес покажуваат неколку клубови од САД како и Олимпик Марсеј, но Погба изненади со ставот дека негова желба е да продолжи да ги брани боите на „старата дама“.
За да се случи тоа, тој е подготвен и да преговара за нов договор со далеку помала плата од онаа што му следи според сегашниот…
„Сакам да играм за Јувентус, би го сторил тоа и за помалку пари. Она што ми е желба е да седнам со тренерот Мота, да разговарам со него и да му објаснам дека можам повторно да бидам важен адут на овој клуб. Ако тој ме прифати, финансискиот аспект нема да биде никаков проблем, брзо ќе се договориме за се останато“, истакна Погба.
Тој ја отфрли можноста да заигра за Милан или за некој друг италијански клуб доколку се случи да мора да си замине од Јуве.
„Не би потпишал за Милан, никогаш, дури и да ми се јави Златан Ибрахимовиќ кого бескрајно го почитувам. Веќе имам кажано, Јувентус е единствениот клуб во Италија за мене, потпис за негов ривал би било предавство за фановите кои толку многу ги почитувам“, изјави Пол Погба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА