Нетрпението меѓу менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, и францускиот интернационалец Пол Погба кулминираше изминативе неколку дена, откако Португалецот му ја одзема капитенската лента и јавно кажа дека играчот за врска нема никогаш веќе да биде капитен. Ова е дефинитивно и јасен сигнал дека Пол Погба ќе мора да го напушти „Олд Трафорд“ веќе во зимскиот преоден рок.
Неговиот агент Мино Рајола е во интензивен контакт со Барселона, Јувентус и со ПСЖ, и се очекува Французинот да биде продаден за околу 100 милиони евра. Ќе биде тоа второ заминување на Погба од „Театарот на соништата“. Притисокот ќе се зголеми и по синоќешната елиминација на Јунајтед од лига-купот на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА