Погба: Моите проблеми започнаа со Мурињо, паднав во депресија…

Фудбалерот за врска на Франција и Мачнестер јунајтед, Пол Погба долго време се мачи да го покаже целосниот потенцијал во тимот на „црвените ѓаволи“. Иако за репрезентацијата игра на врвно ниво, Погба за Јуанјтед никако не може да ја пронајде својата вистинска форма, па се наоѓа пред излезна врата летово.

Во разговор за француските медиуми фудбалерот од средината на теренот зборуваше токму за проблемите, па посочи дека истите започнале во времето на Жозе Мурињо.

„За Франција играм и ја знам својата позиција, ја чувствувам довербата од тренерот и соиграчите. Во Манчестер е поинаку бидејќи тешко е кога често менувате позиции, систем или соиграчи. Со селекторот се сложувам добро, а се прашувам дали во Јунајтед си ја знам позицијата. Го поставувам прашањето, ама нема одговор. Не сум задоволен од овие пет сезони, и оваа нема да освоиме ништо. Сакам да освојувам трофеи, без разлика дали во Манчестер или во друг клуб. Мене лично потешкотиите ми започнаа кога беше тренер Жозе Мурињо. Во тие моменти си поставував прашања дали сум јас виновен, паднав во депресија. Луѓето мислат дека бидејќи сме богати и познати немаме проблеми, но вистината е сосема поинаква“, изјави Погба.

Летото во 2016 година Погба за 105 милиони евра замина од Јувентус во Манчестер јунајтед, а договорот му истекува во јуни. Поради тоа, постои голем интерес за иднината на Французинот која веројатно ќе биде надвор од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...