Пол Погба ја одбил милионската понуда од Саудиска Арабија и својата иднина ја гледа само во Јувентус, пренесува францускиот „Лекип“.
Францускиот весник тврди дека Погба не е заинтересиран за пари, кои всушност би биле единствениот мотив за преселба во Саудиска Арабија.
Погба во кариерата играше само за два тима – Јувентус и Манчестер Јунајтед, а сега ја одби понудата на Ал Итихад каде веќе пристигнаа неговите сонародници Карим Бензема и Н’Голо Канте.
Наводно Ал Итихад на Погба му понудил 100 милиони за три години. „Л’Екип“ тврди дека Погба сака само да игра за Јувентус, но и да се врати во француската репрезентација бидејќи сака да игра на Европското првенство следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА