Погба го избра новиот клуб

Францускиот фудбалер Пол Погба ќе го напушти Манчестер јунајтед на крајот на сезонава откако ќе му истече договорот.

Како што пренесуваат светските медиуми на крајот на сезоната Погба ќе се пресели во Пари Сен Жермен, со што францускиот шампион би станал уште помоќен откако годинава ги донесоа и Меси, Рамос, Донарума…

Погба на „Олд трафорд“ се врати во 2016 година од Јувентус за сума од 105 милиони евра.

Погба одигра неверојатно на стартот на новата сезона во Премиерлигата, откако во победата над Лидс од 5-1 забележа дури четири асистенции.

Се вчитува...