Манчестер Јунајтед славеше со 0-1 на гостувањето против Барнли и се искачи осамен на врвот на табелата во Премиер-лигата, со три бода предност во однос на шампионот Ливерпул.
ВАР-арбитрите повторно беа во главна улога на меч на „црвените ѓаволи“, откако во првото полувреме не беше санкциониран очигледен црвен картон на Лук Шо. Пред крајот на полувремето беше поништен гол на Мегваер, за во вториот дел Јунајтед целосно да се пресели на противничката половина и на крајот да успее да стигне до победнички гол.
Рашфорд нафрли од десната страна, Погба ја зафати топката со волеј-удар, таа закачи еден од домашните дефанзивци и мина низ нозете на легнатиот голман Поуп.
Во 88. минута имаше уште една спорна ситуација во половината на Јунајтед, се разгледуваше играње со рака во шеснаесетникот на Мегваер, но ВАР-арбитрите повторно донесоа одлука во корист на „црвените ѓаволи“.
На вториот вечерашен натпревар Евертон како гостин го совлада Вулверхемптон со 1-2 благодарение на погодоците на Ивоби и на Кин.
#BURMUN
Bernley 0-1 Man United – Bogba Goal ?pic.twitter.com/pcukJDDhyn— ???? ????? (@Fastgoal2) January 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

